Првиот разузнавач на ЕУ го откажал патот на Тајван по кинеската „провала“

Челникот на Разузнавачко -ситуациски центар на Европската унија, Хозе Каземиро Моргад, планирал да го посети Тајван но го откажал патувањето откако во Пекинг дознале за неговите „строго тајни“ подготовки за посетата на островот кој Кина го смета за своја одметната покраина, објави весникот Politico повикувајќи се на дипломатски извори.

„Хозе Каземиро Моргадо… требаше да направи посета од низок профил за средба со тајвански официјални лица во октомври… Сепак, планот на шефот на разузнавачите на ЕУ е запрен откако Пекинг ја доби информацијата и изврши притисок врз ЕУ тој да ја откаже посетата“, го цитира весникот својот неименуван извор.

Меѓутоа, како што тврди дипломатот од ЕУ, Моргадо немал намера да го посети Тајван, туку планиран телефонски да контактира со тамошните функционери, но решил да ги откаже разговорите поради жестоката реакција на Пекинг по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на островот.

Портпаролот на ЕУ на барање на Politico не одговорил дали во се води истрага за евентуално протекување на информациите за плановите на Моргадо.

Кинеските власти се противат на официјалните контакти на други земји со Таван, бидејќи островот го смета за своја одметната покраина. Пекинг го зајакна воздушниот и поморски воен притисок и кибернетички напади на островот, откако Пелоси престојуваше во Тајпеј, што беше прва тава посета од која Вашингтон се воздржуваше повеќе од 25 години за да не се провоцира Пекинг. Потоа следеа уште две посети на Тајпеј на делегации на американски конгресмени.

Посетата на Пелоси ја разгневи Кина којашто првпат одговори со лансирање на 11 балистички проектили над Тајван и кои паднаа во ексклузивната економска поморска зона на Јапонија и со прекин на дијалогот со САД за некои клучни глобални прашања.