Социјалните работници и психолозите во Јапонија во петокот се во паника бидејќи започнува продолжувањето на училишната година, кога бројот на самоубиствата на децата достигнува кулминација.
Секоја година петстотини малолетници, во Јапонија помлади од 20 години, креваат рака на себе, во прв ред околу 1-ви септември, кога продолжува училишната година којашто започнува во април и се прекинува во текот на летото.
„Доколку ја споредиме таа бројка со 22.000 самоубиства меѓу сите возрасни групи, таа бројка не е голема, но самоубиствата на децата не треба да се гледа како статистика, туку како општествена трагедија“, предупредува Јутака Мотохаши, директор на Јапонскиот центар за превенција на самоубиствата.
ЈуЈу Хорун се обидел да се убие во основното, а потоа и во средното училиште. Денес овој пејач им помага на младите коишто повеќе не ја гледаат смислата на живеењето.
„Секојдневно примам електронска пошата и писма од тинејџери која велат дека размислуваат за самоубиство или веќе тоа се обиделе да го сторат“, вели за AFP овој триесетгодишник кој тврди дека го „спасила музиката“ по тешкото детство.
Според него, главната причина поради којашто децата помислуваат на самоубиство е чувството дека не припаѓаат никаде, ниту на семејството, ниту на улилиштето, ниту на која и да е друга општествена групација.
„Многу не ја почувствувале љубовта од своите родители кои неретко не можеле да им ја пружат бидејќи ниту самите не ја примале. Во многу јапонски семејства малку се разговара“, вели Хорун.
Покрај тоа, во училиштето кон нив често строго се постапува и се изложени на притисокот дека мора да успеат за да одговорат на очекувањата од општеството.
Кај таквата чувствителна младина „првиот училишен ден поттикнива непријатност“, вели Кинијасу Хираива, претставник на AfterSchool, приватна организација којашто им помага на родителите да ги откријата знаците коишто упатуваа на ризик од самоубиство, во прв ред преку специјални прилози во медиумите.
Хираива препорачува дека „детето не треба да се присилува да оди во училиште доколку тој ден му е особено тешко“, и ги фали иницијативите на училишните библиотеки кои анксиозните деца ги повикуваат да се засолнат во нивните простории.
„Им велам: Не сте сами, доколку имате проблем разговарајте со кој и да , само разговарајте и некој сигурно ќе ви помогне. Ако немате кому да се доверите, повикајте го СОС телефонот за деца во министерството“, истакна во петокот министерот за образование Јошимаса Хајаши.
Вкупната стапка на самоубства во Јапонија од 24,2 на 100.000 жители во 2005 година паднала на 17,3 во минатата 2016 година, што претставува пад од 28,5 отсто, но и натаму е најголема меѓу седумте индустриски најразвиени земји од групата Г7.
Покрај тоа, итно е потребно да се следат пораките коишто се објавуваат на социјалните мрежи, имајќи предвид дека децата за разлика од возрасните кои им се обраќаат на телефонските служби за превенција, на интернет ги оставаат своите сигнали за предупредување. Меѓутоа, средината, за жал, често ги пренебрегнува ваквите повици за помош, се жали ЈуЈУ Хорун.
Посебна група којашто е изложена на силен притисок се и младите во раните дваесетти години кои влегуваат на пазарот на трудот. Тие се чувствуваат „невредни“ доколку не успеат во компанијата којашто го вработила врз основа на критериумот за извонредност, бидејќи ги завршуваат најдобрите универзитети во земјата.
Иако медиумите во последни време известуваа за повеќе случаи и ги прозиваа работодавачите пореди „кароши“ (јапонски термин за исцрпување со работа до смрт), приблемот ниту оддалеку не е решен поради длабоката вкореноста на строгата работн етика, стравот од губење на угледот и небарањето помош.