Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека утре на скопскиот аеродром во 14 часот ќе пристигнат првите дози од вакцината Спутник V.
-Ги добивме сите потребни документи од руската компанија за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови. Многу веројатно е вакцинацијата да започне во среда, изјави Филипче.
За почеток вакцинацијата со Спутник ќе биде наменета за 3.000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.