
Шеесетгодишен американски државјанин и јапонски државјанин кои починаа во саботата во кинескиот град Вухан се првите првите некинески жртви, а вкупниот број мртви во епидемијата од новиот сој коронавирус 2019-nCoV набрзо ќе го надмиени бројот починати во пандемијата на тешкиот акутен респираторен синдром – SARS во 2003 година.
Американецот кај кого е дијагностициран коронаворус починал во болницата „Џинјантин“ во Вухан, епицентарот на заразата, на 6-ти февруари, соопшти портпаролот на американската амбасада во Пекинг.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството поради нивната загуба. Од почит кон приватноста на семејството, немаме повеќе коментари“, изјавил портпаролот.
Јапонец, хоспитализран со воспаление на белите дробови, исто така, починал откако добил симптоми слични на грип кои се совпаѓаат со новиот коронавирус, објави јапонското министерство за здравство. Постои сомневање дека мажот во шеесетите години од животот се заразил со коронавирусот, но поради тешкотиите при дијагностицирањето на болеста причината за смрта е утврдена како вирусно воспаление на белите дробови, соопшти министерството цитирајќи ги здравствените функционери. Од четвртокот попладнето тој бил во карантин и лекуван од болеста во Кина, според податоците на владата која не поседува понови информации.
Вкупниот број лица кои починале од коронавирусот во саботата по едно деноноќие се зголемил за 86, на 711, објавија кинеските власти. Истакнаа дека бројот на мртвотео во епидемијата наскоро ќе ја мине бројката од 744 починати во целиот свет забележан во времето на пандемијата на SARS-от, друг сој коронавирус кои од животни мина на луѓето во Кина.
Во текот на ширењето на заразата со SARS беа пријавени 8.098 случаи, што сугерира на далеку помала стапка на трансмисија на вирусот во однос на најновиот коронавирус, но поголема стапка на смртност. Засега само два смртни случаи се пријавени надвор од континентална Кина – во Хонг Конг и на Филипини, од околу 332 случаи на зараза во 27 земји и други региони. И двајцата починати беа кинески државјани.
„Тешко е да се каже колку е смртоносна заразата со новиот коронавирус. Иако стапката на смртноста изгледа околу 2 отсто, веројатно има многу луѓе кои се заразени а не се тестирани… Веројатно нема да ја знаеме вистинската состјаб уште некое време“, рекол за Reuters професорот Ален Ченг, експерт за заразни болеси на Универизетот Монаш во Мелбурн.
Властите во Хубеи во саботата објавија дека починала уште 81 жртва на коронавирусот, 67 од нив во Вухан, градот кој е буквално блокиран. Ширум копнена Кина, освен 2.050 лица кои закрепнале и оние кои починале, бројот на познатите случи изнесува 31.774 пациенти. Киенската власт ги затвори градовите, откажа летови и ги затвори фабриките за да ја сузбие епидемијата, која има домино ефект на светските пазари и деловните активноста поврзани со економијата во светот.
Саботата е последниот ден од прославата на Кинеската лунарна Нова година, што обично е проселдено со семејни собирања, огномети, палење свеќи. Годинава повеќето луѓе јадата само топчиња од тестенини, што е традиционален обичај, сами во своите домовои, На државната телевизија нема да се емитува гала-шоуто кое содржи традиционални песни и танци, туку ќе се рецитираат песни за напорите против коронавирусот.
Веста за смртта на лекарот Ли Венлианг, кој алармирал поради новиот коронавирус, на социјалните мрежи предизвика жалење и огорченоста, и повторни го повикува сеќавањето како официјален Пекинг бавно информираше за заразата со SARS-от. Ли, кој ѝ подлегна на болеста во болница во Вухан, полицијата го прекори поради ширњење „незаконски и лажни“ информации откако ги споделил поединостите за вирусот со своите колеги.
Хонгконг воведе во сабитата карантин од две седмици за сите луѓе кои пристигнуваат од копнена Кина или кои биле таму во последните 14 дена. Метји Чеунг, извршен секратар на управата на овој автономен регион, изјавил дека жителите на Хонгконг кои се враќаат од копнениот дел на земјата матица, мора да останат во својот дом две седмици или ќе мора да платат казна до 3.200 долари, односно 6 месеци затвор.
Лицата кои не се жители на Хонгконг, мора да останат во центрите за изолација на регионалната влада или во хотелски соби во истиот период. Во спротивно и за нив важат истите казни.