Полицијата во Хон Kонг соопшти дека го извршила првото апсење откако стапи во сила новиот закон за национална безбедност.
Полицијата соопшти дека е уапсен маж кој го држел знамето за независност на Хонг Kонг, што е прекршување на новото законско решение што е изгласано во Пекинг, а почна да се применува од вчера, пренесе германската агенција DPA.
„Ова е прво апсење откако законот влезе во сила“, на Twitter соопшти полицијата на Хонгконг.
#BREAKING: A man was arrested for holding a #HKIndependence flag in #CausewayBay, Hong Kong, violating the #NationalSecurityLaw. This is the first arrest made since the law has come into force. pic.twitter.com/C0ezm3SGDm
— Hong Kong Police Force (@hkpoliceforce) July 1, 2020
На сликата што полицијата ја стави на Twitter се гледа како знамето на кое пишува „независност за Хонгконг“ лежи на тротооарот, а покрај него стои маж.
Тој носи маица на која пишува „Ослободете го Хонгконг“, пренесуваат британските медиуми.