Првата фаза од авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши во понеделник на подрачјето на градот Скопје, во раните утрински часови.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од РЦУК ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.