Првпат во последните педесет години еден од кандидатите за астронаут на американската агенција за вселенски истражувања NASA, се откажа од натамошната обука, наведувајќи „лични причини“ за одлуката.
Во јуни минатата 2017 година, пет жени и седум мажи се пруклучја во новиот состав на астронаутите на NASA, откако беа избрани од повеќе од 18.000 кандиати. Но како што пишува во вторникот весникот Houston Cronical, еден од идните астронаути Роб Кулин ќе ја прекине обуката на 31-ви август. Неговата одлука е мотивирана од „лични прични“, чиишто поединости не се познати. Од агенцијата за весникот рекле дека обуката ќе ја продолжат 11-те питомци, а дека дополнителен избор на кандидат нема да биде направен. Според податоците на NASA, ова е првпат од 1968 година едно лице кое ги минало тестовите за обука да ги напушти редовите на астронаутите пред и да добие дозвола за вселенски летови.
Триесет и петгодишниот Кулин, роден на Алјаска, ја започна двегодишната обука во Хјустон во Тексас во август 2017 година. Претходно трипати конкурирал за мество во класата астронаути а бил примен дури минатата година.
Во биографските податоци на Роб Кулин објавени ноќта кон средата на страниците на NASA стои дека пред изборот во вселенската агенција седум години работел во компанијата „SpaceX“ на Илон Маск како главен инженер според дипломата добиена на Универзитетот Денвер, а исто така одбранил дисертација на Универзитетот Сан Диего. Најмногу бил ангажиран на изработката на ракетата „Falcon 9“, а учестувавал и во три мисии во истражувањето на антарктичките глечери.
Во разговорот со кандидатите во јуни 2017 година ги објаснил причините за кои се пријавил за обука во NASA и поради што еден ден сака да се отисне во космосот. „Можби ќе звучи необично, но со вирусот на Вселената сум заразен додека во 2003 година, како студент соработував со вселенската агенција по катастрофата на вселенскиот брод Колумбија кој се распадна при враќањето на Земјата“.
Сите кои сакаат да станат астронаути на NASA мора да бидат државјани на САД, ESA, пак, бара кандидати од Европа, a за РСА пожелни се Руси. Станува збор за вид професија за која не се учи на универзитетите. Потребни се години подготовки пред еден претедент да стане сериозен кандидат, а дури и тогаш шансите за летови во космосот се ограничени.
За поединец да биде избран во величествените 12-мина, видот мора да му биде совршен. Од 2007 година се прифаќаат и лица кои се подложени на ласерско намалување на диоптријата, доколку изминала најмалку година од операција.
Возрасната граница не е поставена, но најчесто се бираат кандидати на возраст меѓу 26 и 46 години. Потребни се и најмалку три години искуство во некоја слична професија. Потребна е и диплома од некој факултет, од природна или техничка насока. Воено искуство меѓу астронаутите е зачестено, но не е услов. Но треба да се мине астронаутски тест на издржливост. Луѓето коишто се подготвуваат за авантурите кои само ретките меѓу нив навистина ќе ги искусат веројатно и не се заинтересирани толку за парите, но треба да се напомене дека астронаутските питомци кои само ја минуваат обуката имаат месечна плата од околу 2.000 американски долари. Иако платите на „постарите“ астронаути се чинат големи, нивниот живот е во постојана опасност, а техничката, статистичката веројатност при летовите на американските астронаути дека ќе останат живи е во соодносот 1 наспроти 25.