Властите на американската сојузна држава Тенеси извршија смртна пресуда на осуденик со електрична столица, пренесе телевизијата WSMV.
Последен пат во САД електричната столица е користена за извршување на смртната казна во 2013 година во сојузната држава Вирџинија. Во Тенеси, пак, ваквото егзекутирање на осуденик не е извршено од 1960 година, а ова е всушност второто.
Осуденикот на смрт 63-годишниот Едмунд Загорски бил погубен со електричен стол во 7,26 часот утрото по локално време. Пресудата била извршена во затворската институција со максимално обезбедување Ривербенд во Нешвил. Во извештајот се наедува дека самиот Загорски претпочитал електрична столица, отколку смртоносна инјекција како помалку болна алтернатива за него.
Семејството на осуденикот не сакало да зборува за чинот на извршувањето на смртната казна, но еден новинар кој присутвувал на чинот цело време гледал пред себе пред да влезе во комората и оти се подигнувал од столицата кога секој удар од струјата минувал низ него.
Загорски бил осуден на смрт во 1984 година откако заклал две лциа, за кои тврди дека го ограбиле кога сакале да купат дроги од него.
Последната вечера на осуденикот пред извршувањето на смртната казна биле свински знозе и опари, кои тој самиот ги вклучил во менито. Неговите последни зборови биле „let’s rock“, или нешто како да се стресеме.