Првпат во историјата во ресторан послужено пилешко создадено во лабораторија

Пилешко месо произведено во лабораториски услови во саботата првпат во историјата беше послужено во ресторан во Сингапур, што се смета за историска пресвртница за овој производствен сектор, во кој се надеваат дека со тоа ќе придонесат во намалувањето на емисиите на јаглород кои ги предизвикува производството на месо.

Стартапот „Eat Just“ на почетокот од декември најави дека нивното месо направено во лабораторија од животински клетки е одобрено за продажба како состојка на популарните „нагетс“. Сингапур е првата земја во светот која го одобри консумирањето на вака создено/ произведено месо. Потоа во средата, од оваа страртап фирма објавија дека ја продале првата пратка, и тоа на ресторанот под наслов „1880-та“ во богат кварт во Сингапур.

Споменатиот ресторан го послужил месото на млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, кои биле специјално поканети, бидејќи се „ангажирани за градење подобра планета“. Притоа, „историската вечера“ не била отворена за новинарите, поради пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за „револуционерна етапа во борбата против климатските промени и снабдувањето на светското население без уништување на планетата“, оцени основачот на ресторанот, Марк Николсон.

Основачиот на „Eat Just“, Џош Тетрик, пак, вели дека со овој пример „се приближивме на светот во кој за поголемиот дел од месото коешто го јадеме нема да биде потребно да се уништи ниедна шума, да се премести ниедно животинско живеалиште, ниту да се користи ниту капка антибиотици“.

Потрошувачката на место во светот би требало до 2050 година да се зголеми за 70 отсто и лабораториското создаденото/ произведено место би можело наскоро да покрие дел од таа побарувачка, сметаат во споменатиот стартап.

Интензивното одгледување животни за производство на прехранбени продукти од месо, според стручњаците, предизвикува емисии на метан, гасот кој се смета за голем предизвикувач на ефектот на стаклената градина и со тоа затоплувањето на планетата. Во некои земји, како што е Бразил, овој сектор придонесува за уништување на шумите, кои се природни бариери за глобалното загревање, тврдат еколозите.

Повеќе стартапи во светот во моментов работат на развој на вештачко месо, но засега сите проекти се во експериментална фаза. Развојот го кочат високите трошоци за истражувањата, но во „Eat Just“ истакнуваат дека постигнале голем напредок во намалувањето на трошоците.