Јужнокорејскиот рапер „ Псај “ има нова песна.
Наскоро излегува во продажба неговиот седми албум, со кој очекува да продолжи глобалниот успех.
Новиот албум се темели на различни жанрови, од хип – хоп и фанк, па се до електронска музика.
Целта на новиот материјал е од слушателите да ги извлече сите емоции – од лутина до радост.
Спотот за песната „Гангам стајл“ на ЈуТјуб постигна 2,4 милијарди прегледи.
Останува да видиме дали музичарот овој пат ќе се надмине самиот себеси.