Вашингтон нема намера да ја предупредува Москва за евентуалните американски кибернетички напади врз руски цели, изјави во понеделникот на редовниот брифинг за медиумите портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
На минатонеделниот американско-рускиот самит во Женева, американскиот претседател Џо Бајден ги спомена нападите врз американски цели, за што е обвинета Русија, истакна Псакси. Бајден се заканил дека доколку таквите напади продолжат, Москва ќе биде одговорна, а Вашингтон во тој случај ќе постапи без предупредување, додаде Псаки.
„Претседателот јасно стави до знаење дека станува збор за области коишто ние го следиме и ја здржуваме можноста за дејствија коишто предизвикуваат последици“, изјави портпаролката на Белата куќа.
Псаки беше прашана зошто Бајден не објавил листа со евентуални руски цели кои би можело да бидат подложени на американски удар, при што одговорила дека САД „не ги предвидуваат нападите“.
Кирбернетичката безбедност беше една од темите на самитот кој се одржа на 16-ти јуни во швајцарска Женева, во контекстот на повеќегодишните обвинувања, кои Москва ги отфрла, за наводно руски напад на мрежата на американскиот изборен систем, врз политичари и политички партии, како и упади во компјутерските системи на големите компании.
Зборувајќи за сајбер-безбедноста, Бајден рече дека доколу бидат прекршени „основите норми“, САД ќе одговорат, апострофирајќи дека тоа ја исклучува примената на воена сила. Американскиот челник притоа изјави дека на својор руски колега по должност му предал список со 16 организации во сАД кои се сетаат за дел од критичната инфрастурктура и нападите врз нив Вашингтон го смета за целосно неприфалтиви.
По заканите за „реципрочни одговори“ пред самитот од страна на американскиот претседател Џо Бајден и барањето Русија да ги изведе пред правдата протагонистите на кибернетичкиот криминал од теротиријата на Русисја, рускиот челник Владимир Путин на прес-конференцијата најви дека двете земји ќе започнат консулатации за кибернетичката безебдност, посочувајќи дека, сепак, најголемиот број кибернетички напади во светот доаѓаат од територијата на САД и дека мора да се отфрлат „антируските инсинуации“.
Путин, исто така, потсети дека Москва порано го давала сите информации на американските барања за кибернетички напади, но дека не добила ништо како одговор на нејзините барања од страна на американските специјални служби.