Замислете дека се наоѓате во шума, а пред вас има пат. Земете молив и хартија и запишете ги одговорите на следните прашања. Немојте многу да размислувате, туку запишете го она што прво ќе ви падне на ум.
Прашања:
- Замислете дека одите со некого низ шумата… Кој би можел да биде тоа?
- Додека се движите низ шумата недалеку од себе забележувате животно. Кое е тоа животно?
- Што се случува откако ви се сретнаа погледите?
- Продолжувате да одите низ шумата. Излегувате на ливада каде сте ја забележале куќата од вашите соништа. Како ќе ја опишете нејзината големина?
- Дали куќата од вашите сништа има ограда?
- Влегувате во куќата. Одите во трпезаријата да ја погледнете масата. Опишете што гледате на него и околу него.
- Ја напуштате куќата низ задната врата и гледате пехар на тревата. Од каков материјал е направен?
- Што ќе направите со пехарот?
- Доаѓате до крајот на дворот и оттаму гледате река. Колкава е реката?
- Морате да ја преминете реката. Како ќе го сторите тоа?
Одговорите на психо-тестот проследете ги на следната страница: