На првиот ден од редовната зимска сесија во Стразбур Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), ја избра својата мониторинг мисија за парламентарните избори во Македонија на 24 април.
Како што се наведува во документот, изборите во Македонија на 24 април ќе ги набљудуваат 20 членови на ПССЕ предводени од Стефан Шенах, досегашен претседател на Мониторинг комитетот.
По ОДИХР, оваа се смета за најзначајна мисија за набљудување избори во Европа. ОДИХР ги следеше и минатите избори кои позитивно ги оцени, за демократски и фер.
Инаку, денеска за нов претседател на ПС на Совет на Европа е избран Педро Аграмунт од Шпанија, пријател на Македонија во СЕ, кој ќе има мандат од две години.