Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ би можел да биде дел од сензационален трансфер.
Реал Мадрид наводно е спремен да влезе во преговори за Нејмар и така да им ги сруши плановите на својот лут ривар Барселона, која одамна сака да го врати бразилскиот напаѓач.
Парижаните се спремни да се откажат од Нејмар, но исто така сакаат и да профитираат после се, иако пред само две години го доведоа за 222 милиони евра.
ПСЖ од Реал го бараат Лука Модриќ и 100 милиони евра за Нејмар да се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Модриќ наскоро полни 34 години и минатата сезона доста се мачеше во Реал, но и понатаму е важна алка во составот на Кралевите, па тешко е да се очекува дека Хрватот ова лето ќе стане член на ПСЖ.
А од друга страна би имал и жестока конкуренција во средниот ред покрај Херера, Верати, Ди Марија и Дракслер.