Фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Френки де Јонг може да ја продолжи својата кариера во француското првенство.
Според шпанскиот дневен спортски весник Marca, ПСЖ е подготвен да плати 80 милиони евра за 21-годишниот Холанѓанец.
Актуелниот договор на играчот е со важност до 2022 година.
Сезонава досега Де Јонг играше на 19 натпревари и постигна два гола.