ПСЖ ја потврди десеттата титула во Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен на четири кола пред крајот на првенството во саботата ја потврдија десеттата титула во Франција ремизирајќи на својот „Парк на принцовите“ 1:1 против Ланс во дуелот од 34-то коло.

И еден бод му беше доволен на ПСЖ да создаде предност од недостижни 16 бодови пред Олимпик Марсеј. Ланс, пак, со овој бод е на седмото место со 54 бодови, во моментов два помалку од позициите кои водат во квалификациите за еврепските купови следната сезона.

Париските „Светци“ долго се мачеа да ја начнат мрежата на гостите, а тоа му појде од нога на Лионел Меси во 68 минута со прекрасен удар од 23 метри, испраќајќи ја топката под самата пречка, за неговиот само трет првенствен погодок во дресот на ПСЖ. Претходно во 57 минута по еден остар старт на Нејмар, гостинскиот бек Кевин Дансо го заработи вториот жол картон на мечот и исклучување. Но за ПСЖ да не ја одбележи титулата со победа се погрижи во 88 минута Корентен Жан, но и голманот на Ланс, Жан-Луј Лека кој имаше неколку спектакуларни одбрани.

Претходно Монако славеше со 4:1 во Сен-Етјен, а мечот беше прекинат во 67 минута поради тоа што домашните навивачи активираа огномет на самиот стадион. Тоа се случи непосредно откако бекот на Сен-Етјен Тимоте Колодзиејчак на доста спектакуларен начин ја затресе сопствената мрежа за водство на Монако од 3:1.

Судијата Бастиен Дешепи беше принуден да ги повлече екипита од теренот, а прекинот траеше речиси половина час. По разговорот со претставниците на домашниот клуб, Дешепи реши да го продолжи дуелот.

Монако до крајот успеа да постигне уште еден погодок за конечните 4:1, а го постигна во 77 минута Мирон Боаду. Претходно стрелци за госите беа Висам Бен Једер во 23, Кевин Воланд во 25 и авоголот на Колодзиејчак во 61 минута. За домашните во 42 минута пенал реализираше Баби Казри.

Монако со трите бодови дојде на третата позиција, која води во квалификациите за Лигата на шампионите со 59 бодови, три повеќе од Рен и Стразбур кои имаат и по меч помалку. Сен-Етјен остана на 18-то место со 31 бод, на позиција од која се игра плеј-оф за опстанок но до крајот ќе го загрузуваа Бордо кој има четири бодови и меч помалку.

Во првиот саботен натпревар Олимпик Лион пред своите навивачи со 5:2 го победи Монпелје. Муса Дембеле во 26 и Тиаго Мендес во 43 донесоа два гола предност за домашните, но Елие Ваи во првата минута од судиското продолжение на првиот дел и Тежи Савание од пенал во третата минута од продолжението се погрижија гостите на одморот да идат со израмнување. Во второто полувреме Усем Ауар двапати ја погоди гостинската мрежа, во 63 и 93 минута, а Токо Екамби во 68 минута.

Лион дојде до 14-та победа сезионава и 52 бодови со кои е на осмото место и останува во игра за некое од европските натпреварувања. Монпелје е 11-ти со 42 бодови.