ПСЖ без Нејмар најмалку еден месец

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен објави дека следниот месец ќе биде лишен од настапите на својот бразилски напаѓач Нејмар, поради повреда на адукторот на левата нога, со којашто се здоби во средата во мечот од третото коло од Францускиот куп против Кен.

ПСЖ го доби ова гостување со погодокот во 49 минута кој го постигна Моис Кин, а Нејмар излезе од игра во 60 минута, кога се пожали на повреда и беше заменет со Килиан Мпбапе.

Така Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против неговиот поранешен клуб Барселона, кој на распоредот е по пет дена. Во парискиот клуб се надеваат дека сепак Бразилецот ќе биде подготвен за реваншто на нивниот „Парк на прицовите“ на 10-ти март.