
Новиот кикс на Монако, кој важи за најголем ривал во борбата за шампионската титула, експресно беше искористен од фудбалерите на ПСЖ кои многу потешко од очекуваното со 2:1 го победија фенерџијата на табелата, екипата на Ајачио.
Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу екипите на Евијан и Олимпик од Марсј, а предноста на домашниот терен во дуелот против екипата на Римс, би требало да ја искористат фудбалерите на Лил.
Резултати: Ајачио – ПСЖ 1:2, Бордо – Тулуз 0:1, Генгамп – Сент Етјен 0:0, Лион – Сошо 2:0, Рен – Ница 0:0, Валенсијен – Бастија 3:2.
Денеска на програмата: Нант – Лоријен, Евијан – Марсеј, Лил – Римс.