Во дербито од 21-то коло на француското фудбалско првенство моментално водечкиот Пари Сен Жермен со 5:1 го надигра на гости актуелниот шампион Лил, а победата на парижаните можеше да биде и поубедлива.
ПСЖ стаса до предноста во 10 минута по големата грешка на хрватскиот голман Иво Грбиќ, кој прво ја прифати топката нафелена од левата страна од Нуњо Гомеш а потоа ја испушто што го искористи Данило Переира да ја смести во небранетата мрежа.
Свен Боотман израмни во 28 минута, но радоста на домашните кусо траеше. Само пет минути подоцна Лионел Меси нафрли од корнер, Грбиќ се обиде да боксува но ја промаши топката, а Приснел Кимпембе лесно погоди за 2:1. Во 38 минута веќе беше 3:1, а голот го постигна Меси.
Во вториот дел ПСЖ постигна уште два гола. Во 51 минута Переира шутираше од работ на шеснаесетникот, топката погоди во грбот некој од одбранбените играчи на Лил и заврши во мрежата. Конечните 5:1 ги постави Килиена Мбапе во 67 минута со фантастичен удар од шеснаесетина метри.
Во претходно одиграниот дуел Рен со 2:0 го победи Брест. Домашните поведоа во 20 минута со голот на Гаетано Лабор, а во 90 минтуа Мартен Терие ја обезбедни победата.
Стразбур го победи Нант со 1:0 скокнувајќи на четвртото место. Решавачкиот погодок го постигне Димитри Лиенар во 74 минута.
Ремс го потопи Бордо со 5:0. Домашните поведоа во 40 минута преку Иго Екитеке, а во продлжението стрелци беа и Маршал Мунетси во 46 и 76, Азор Матусива во 59 и Вут Фаес во 62 минута. Бордо од 72 минтуа играше без исклучениот Данил Игнатенко.
Важни бодови во борбата за прволигашкиот статус оствари Клермон кој со голот на Елбасан Рашани во 77 минута ја победи Ница.
На врвот на табелата е ПСЖ со 56 бодови, Марсеј е вторпласиран со 43 бодови, а Ница е трета со 42 бода.
Последните две места кои водат во втората лига ги држат Сен-Етјен со 18 и Бордо со 20 бодови.