Пари Сен Жермен во 26-то коло во француското фудбалско првенство на домашен терен во саботата вечерта го победи Нант со 4:2 и ја забележа дваесеттата јубилејна сезонска победа.
Парижаните водеа со 2:0 уште во 17 минута преку Лионел Меси, додека Жауен Хаџам погоди во својата мрежа. Гостите израмнија пред паузата со головите на Блас во 31 и Ганаго 38 минут. Во 60 минута Данило Переира погоди за 3:2, а конечниот резултат во 92 минута го постави Килијан Мбапе, кој со својот 201-ви гол стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ. Тој го престигна Единсон Кавани.
Со натпревар помалку, ПСЖ има 11 бода повеќе од второпласираниот Марсеј и еден повеќе од третопласираниот Ленс, кој денеска одигра 1:1 со Лил.