Фудбалерите на Пари Сен Жермен се победници на францускиот Куп откако во финалето одиграно пред 5.000 гледачи на „Стад де Франс“ го победија Сен Етјен со 1:0.
Со финалниот натпревар во националниот куп, фудбалот се врати на француските стадиони по повеќе од четири месеци пауза. Последното првенствено коло беше одиграно на почетокот од март, а кон крајот на април франциската фудбалска федерација го прекина првенството прогласувајќи го ПСЖ шампион.
Одлуката за прекинот на натпреварувањата во Првата и Втората лига била беше директна последица да нема фолеми спортски натпреварувања до септември,а фудбалот е посебно апострофиран. Меѓутоа, дополнително е донесена одлуката дека ќе се одиграат финалните мечеви во двата француски купа, и тоа пред најмногу 5.000 гледачи.
Прво е одиграно финалето на Купот меѓу ПСЖ и Сен Етјен, а на 31-ви јули се игра финалето во Лигата на шампионите во кој повторно ќе игра ПСЖ но овојпат против Лион.
Дуелот меѓу ПСЖ и Сен-Етјен го реши погодокот на Нејмар во 14 минута. Но голем дел од работата заврши Килијан Мбапе кој мина низ противничката одбрана и одлично шутираше. Жеси Мулин одбрани, но одбиената топка во голот ја спроведе Бразилецот.
Сен Етејн од 30 минута играше со играч помалку, откако беше исклучен капитенот Лоа Перен поради остар стар над Мбапе, кој поради повредата мораше да го напушти теренот.
Младиот напач со солзи во очите го напушти теренот, а во ПСЖ стравуваат дека станува збор за потешка повреда на глуждот. Судијата Амори Делери на Перен прво му покажа жолт картон, но по ВАР-от ја промени одлуката,
За ПСЖ ова е рекордната 13-та титула во Купот во 18-то финале, додека Сен Етјен осана на шест титули од 10 финалиња.
Двете екипи немаа одигран официлан натпревар од мар, по прекинот на француското првенство. ПСЖ имапше две подготвителни средби со убедливи победи над Ле Авр со 9:0 и над Селтик со 4:0, додека Сен Етејн одигра три пријателски меча во кои оствари три победи против Римили Валиер, Ница и Шарлроа. Сен Етјен последниот официјален дуел го имаше во март а по финалето во Купот следниот ќе биде на 23-ти август на стартот од новиот шампионат против Марсеј.
ПСЖ по финалето во Лига купот против Лион на крајот од јули, на 12-ти август ќе игра во четвртфиналето против Аталанта.