![mbape psz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/mbape-psz.jpg?resize=612%2C408&ssl=1)
ПСЖ беше подобар од Сосиедад со 2-0 благодарение на двата гола во второто полувреме. Во првото немаше многу возбудувања, па ни шанси и мрежите мируваа, на задоволство на шпанскиот тим. Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 58. минута, а нешто подоцна Баркола со својот прв гол во Лигата на шампионите се погрижи за убедлив триумф на првакот на Франција.
И Лацио без примен гол оствари победа во дуелот со Баерн, со тоа што славеше со 1-0. Клучен се покажа моментот во 67. минута кога Упамекано опасно стартуваше врз еден противнички играч во својот шеснаесетник поради што доби црвен картон, а за Лацио беше досуден пенал. Прецизен од белата точка беше Чиро Имобиле за исклучително важна победа за тимот на Лацио.
Реванш натпреварите на овие ривали се на програмата на 5 март во Минхен, односно Сан Себастијан.