Сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, се подготвени веднаш на стартот од зимскиот преоден рок да испратат официјална понуда за шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Хуан Мата.
Одличниот играч за врска не крие дека е незадоволен од моменталната минутажа, а се погласни се шпекулациите дека ќе си замине од „Стемфорд Бриџ” за време на зимскиот преоден рок.
Освен на актуелниот шампион на Франција, репрезентативецот на Шпанија е желба и на најтрофејниот клуб во Примера дивизион, Реал (М), но неговиот потпис може да биде осигуран само со официјална понуда не помала од 25 милиони евра.