ПСЖ подготвува 200 милиони евра за Халанд

ПСЖ на лето ќе се обиде да го донесе Ерлинг Халанд од Манчестер сити, пишува доверливиот францускиот портал „Футмеркато“. Парижаните на крајот од сезоната ќе започнат со реконструкција на тимо, од кој треба да си замине Нејмар и веројатно Лионел Меси.

Овој извор тврди дека голем интерес во клубот постои за Ерлинг Халанд, кој наводно има ослободителна клаузула од 200 милиони евра.

„Халанд не е среќен во Сити. Стилот на игра на Гвардиола не му одговара, а ако ПСЖ навистина ја плати оштетата, Сити ќе нема избор“, изјави аналитичарот на RMC, Даниел Риоло, кој тврди дека доколку ПСЖ не го донесе Халанд, ќе се насочи кон кон Виктор Осимхен од Наполи.

„Футмеркато“, го истакна и проблемот со финансискиот фер-плеј (ФФП) доколку Халанд дојде во Париз.

Сосема е јасно дека Норвежанецот би барал огромна плата, која заедно со онаа на Килијан Мбапе, кој заработува 70 милиони евра по сезона бруто, би биле огромен залак за ФФП на клубот. Сепак буџетот на плати би бил значително намален доколку Нејмар и Меси го напуштат клубот.

Доколку пропаднат трансферите на Халанд или Осимхен, следна цел е напаѓачот на Бенфика Гонкало Рамос.