Актуелниот бранител на тронот во Франција, тимот на ПСЖ, ја прокоцка првата меч топка за одбрана на шампионската титула откако одигра само 1:1 во дуелот против апсолутниот аутсајдер екипата на Сошо.
Гостинот дојде прв во водство со погодокот на најскапата аквзиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани, а израмнувачкиот погодок, кој беше постигнат на стартот од второто полувреме беше дело капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва, кој наместо во противничката, топката ја смести во сопствената мрежа.
Со минималниот триумф од 2:1 во дуелот против гостинскиот тим на Бордо, фудбалерите на Лил направија уште еден голем чекор кон освојување на третата позиција на табелата, која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони, а првенствениот дуел помеѓу Лион и Бастија заврши со убедлив триумф на домаќинот од 4:1.