ПСЖ со пресврт до победата над Лил

Во првиот натпревар од 12-то коло на француското фудбалско првенство водечкиот Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ со пресврт во последниата четвртина од дуелот го совлада актуелниот шампион Лил со 2:1.

Лил поведе со погодокот на Жонатан Давид во 31 минута и таа предност ја одржуваше до 20-ина минути до крајот. Тогаш Маркињос во 74 минута израмни по одличниот продор на Анхел Ди Марија, но во акциајта во која е постигнат погодокот се чини Мауро Икарди непрописно го попречуваше гостинскиот голман Иво Грбиќ, но не се огласија ниту главниот арбитар ниту ВАР-от.

Целосниот пресврт се сличи во самата завршница, кога во 88 минута Ди Марија ја погоди противничката мрежа со прецизен приземен удар од 15-ина метри.

Водечкиот ПСЖ сега има 31 боди, 10 повеќе од второпласираниот Ланс, додека Лил е 11-ти со 15 бодови.