Познатиот француски весник “Ле Паризиен”, пред неколку часа ја пласираше сензационалната информација дека сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, се подготвени да потрошат рекордни 500 мил. евра за време на престојниот летен преоден рок.
Веќе од поодамна се знае дека малдиот играч за врска од редовите на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Пол Погба е најголема желба на предводникот на “светците”, Лорен Блан, а таа желба може да стане реалност ако како точна се покаже информацијата дека инвеститорот од Катар ќе понуди 60 мил. евра за услугите на 20-годишниот играч за врска.
Рекордни 100 милиони евра, челниците на ПСЖ ќе понудат за белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азард.
Истиот весник тврди дека 23-годишниот фудбалер на лондонските “сини” веќе има изјавено сигурно на стартот од летниот преоден рок заминува од “Стемфорд Бриџ” и се сели на “Паркот на Принцовите”.