ПСЖ за три минути од трагедијата до полуфиналето во ЛШ

Paris Saint Germain's Marquinhos celebrates with team mates after scoring the equaliizers during the UEFA Champions League quarter final match between Atalanta and Paris Saint-Germain in Lisbon, Portugal 12 August 2020. EPA-EFE/David Ramos / POOL

Фудбалерите на францускиот шампион Пари Сен Жермен изборија пласман во полифиналето на Лигата на шампионите со голем пресврт во средата вечерта во Лисабон совладувајќи ја Аталанта со 2:1, иако италијанското изненадување сезонава до 90 минута имаше водство.

ПСЖ првпат во натпреварите во Лигата на шампионите успеа да победи екипа од Италија, откако претходно двапати беа поразени и извлекоа четири ремија. Францускиот тим го повтори своето најдобро достигнување во ова натпреварување од сезоната 1994/95 кога играше во полуфиналето во кое во двомечот подбар беше Милан.

Аталанта дебитираше во Лигата на шампионите. Штотуку завршената сезона во Серија А ја заврши на третата позиција, со што повторно се пласираше во Лигата на шампионите. Аталанта стана првиот дебитант кој стаса до четвртфиналето од елитното континентално натпреварувања од сезоната 2106.17, а кога во оваа фаза се пласираше англиски Лестер, а ваков успех оствари уште една италијанска екипа – Лацио во сезоната 1999/2000-та.

Во 90 минута Маркињос на асистенција на Нејмар го постигна израмнувачкиот погодок, а само три минути подоцна париските „Светци“ успеаја да ги избегнат дополнителни половина час игра, благодарејќи на Камерунецот Максим Шупо-Митинг кој ја истурка топката во мрежата на додавање на Килијан Мбапе. За Аталанта водството го постигна во 27 минута хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ. Во 79 минута голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, беше заменет поради повреда со Серхио Рико.

ПСЖ во полуфиналето на 18-ти август ќе игра против победниот во дуелот меѓу германски РБ Лајпциг и шпанскио Атлетико Мадрид кој се игра во четвртокот во 21 часот на стадионот „Жозе Алваладе“.

Првото полувреме од првиот четвртфинален меч на завршниот турнир на Лигата на шампионтие мина во очекувано отворена напаѓачка игра на Аталанта, кој беше наградена во 27 минута со голот на Пашалиќ, и големите промашувања на најскапиот платен играч во историјата на фудбалот, Бразилецот Нејмар во дресот на ПСЖ. Уште во 3 минута Брзилецот мораше да ја затресе мрежата на Аталанта, откако одлично мина низ нејзината одбрана но кога му преостана само да го мине голманот Спотиело, Нејмар ја испрети топката од погрешната страна на дирекот. На спротивната страна, пак, најголема закана беше холандскиот интернационалец Ханс Хатебоер, чии обиди ги запре голманот Навас.

Екипата од Бергамо, иако настапи без својот најдобар стреле Јосип Иличич, беше најопасна од прекини во кои Италијанците главно успеваа да ги добијат воздушните дуели со париската одбрана, но Навас не дозволуваше да биде изненаден. Но во 27 минута косториканскиот голман не можеше да ја запре топката која во неговиот горен десен агол ја испрати Пашалиќ. Акцијата не делуваше опасно, но на крајот се исплатеше упорноста на колумбискиот напаѓач Дуван Запата, кој веќе загубената топка успеа да ја додаде до Хрватот, а овој од 15 метри без чекање ја спроведе во противничкиот гол. До крајот на полувремето Нејмар не реализираше уште една изгледна шанса, неспевајќи да ја погоди ниту рамката од противничкиот гол.

Погодокот навестуваше добар расплет за Аталанта, барем според статистиката од последните настапи во Лигата на шампионите. Имено, во претходните четири меча од натпреварувањето кога ќе поведеше италијанскиот на крајот и славеше.

Во второто полувреме Аталанта започна со чување на предноста и затворање на приодите кон нејзиниот гол, што се покажа како добра стратегија до 90 минута. Тогаш за само три минути играчите на ПСЖ од трагичари прераснаа во херои, успевајќи со малку среќа да ги наплатат претходните промашувања. Среќата ги послужи „Светците“ , кога топката дојде до Нејмар кој добро ја прифати во шеснаесетникот и тргна кон голот, а неговиот удар беше непрецизен како и претходните, но за среќа на ПСЖ неговата акција ја следеше Маркинос кои успеа да ја спроведе топката во мрежата. Три минути подоцна Килијан Мбапе го стори она за што беше внесен во игра во 60 минута. Мина по левата страна, нафрли во средината, каде на топката натрча Шупо-Мотинг и ја затрее мрежата.