![California](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/California.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Неколку гуски и галеби се отруле од таблети што некој ги фрлил во парк на плажата Хантингтон во Калифорнија.
Локални жители сведочат дека птиците се тетерават, не можат да го држат вратот исправен и легнуваат на земја на грб. Потоа ги забележале и таблетите, па ги повикале надлежните служби за заштита на животните.
Во нашиот центар моментно има една канадска гуска и галеб со симптоми на губење контрола на мускулите. Двете птици се добро и примаат течности за да ги исфрлат лековите од организмот. Им благодариме на оние кои помогнаа да се спасат птиците, соопштува Одделението за заштита на животните.
Птиците лапнале мешавина од антидепресиви и апчиња за срце и несоница. Сѐ уште не се знае кој ги фрлил во паркот.