![Opera Snapshot_2018-08-03_234629_www.blic.rs](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Opera-Snapshot_2018-08-03_234629_www.blic_.rs_.jpg?resize=640%2C447&ssl=1)
Во Виетнам се пријавени три случаи на високо патоген птичји грип H5N6, со вкупно 1.590 угинати птици, објави вчера Светската организација за здравјето на животните (ОИЕ), осврнувајќи се на извештајот на виетнамското Министерство за земјоделство.
Првиот случај на инфекција бил откриен на 28 јули кај 2.400 птици во провинцијата Нге Ан, а 90 птици угинале од оваа болест, објави Ројтерс. Истиот ден симптомите на птичји грип беа пријавени и во провинцијата Хаџ Фонг меѓу јатото од 4.720 птици, од кои 500 угинале.
Истиот вирус беше откриен на 30 јули на уште еден имот во Хаџ Фонг меѓу 5.500 птици, од кои 1.000 угинале.
Птиците што не угинале се убиени, се вели во соопштението.
Не се споменува за каков вид на птица се работи, а непознат е и изворот на инфекцијата.