Пуџдемон наскоро би можел да се врати во Шпанија

Каталонскиот сепаратист во егзил Карлес Пуџдемон во четврток ќе објави дали ќе се кандидира за претседател на регионот на изборите во мај, што би можело да го ризикува неговото апсење при влезот во Шпанија.

Шесет иедногодишниот поранешен челник на Каталонија, ја предводеше Каталонија за време на гласањето за отцепување од Шпанија во октомври 2017 година и последователното прогласување независност што судовите го прогласија за незаконски. Потоа Пуџдемон избега од Шпанија за да избегне апсење и сега живее во Белгија каде е член на Европскиот парламент.

Каталонскиот премиер Пере Арагонес минатата седмица најави дека на 12-ти мај во Каталонија ќе се одржат вонредни парламентарни избори, откако регионалниот парламент го отфрли предлог-буџетот на сепаратистичката влада.

Шпанскиот парламент неодамна усвои закон за амнестија на Каталонците кои го организираа забранетиот референдум за независност во 2017 година а потоа во регионалниот парламент прогласија независна Република Каталонија која не заживеа, со што ќе се суспендираат правните постапки против стотици учесници.

Пуџдемон се соочува со „многу низок“ ризик од апсење во Шпанија и е подготвен да се врати без оглед на тоа, изјави неговиот адвокат Гонзало Боје за Reuters.

„Веруваме дека Врховниот суд ќе ја почитува содржината на законот за амнестија“, рече тој, што значи дека обвиненијата со кои се соочува Пуџдемон ќе бидат отфрлени.

Но, „тајмингот“ ќе биде клучен. Додека Пуџдемон може да води кампања од Белгија, тој мора да се врати во Шпанија на инаугурацијата уште во веќе, доколку успее обидот на неговата партија да ја предводи регионална влада.

Законот за амнестија би можел да стапи на сила на крајот од мај откако за него ќе се изјасни Сенатот, Горниот дом на шпанскиот парламент, во кој седат претставници од регионите и кој може само да го забави, но не и да го собори.