
Во рамки на манифестацијата Денови на македонското културно наследство во Азербејџан, која од 9-ти до 11 ноември се одржува во градовите Баку и Агсу Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани одржа целовечерен концерт.
– КУД Дримкол во преполната сала во Агсу ја одушеви публиката со традиционални игри, изворни песни носии од различни краишта на Македонија. На концертот присуствуваа значајни личности од политичкиот свет, уметници и претставаници на Министерството за култура на Азербејџан. За прекрасниот концерт јавно на сцената се заблагодари и градоначалникот на Агсу, а два часа беа потребни за публиката по концертот да ја напушти салата, во која се сликаше со играорците на „Дримкол“, соопшти КУД од Вевчани.
Манифестацијата се одржува во престолнината Баку и во градот Агсу кој важи за културна ризница на Азербејџан.