Пучдемон: Каталонија ќе прогласи независност за неколку дена

Каталонија ќе прогласи независност „во рок од неколку дена“, изјави во вторникот ноќта во разговорот за британскиот јавен сервис BBC, каталонскиот претседател Карлос Пучдемон.

Во своето прво интервју дадено по неделниот референдум за независност на Каталонија, претседателот на оваа североисточна шпанска покраина Карлес Пучдемон, најави дека неговата влада ќе дејствува „кон крајот на оваа или на почетокот од следната седмица“.

На прашањето што ќе стори доколку шпанската влада интервенира и ја преземе контролата над каталонската влада, Пучдемон одговори дека тоа би претставувало „грешка којашто се’ би променила“. Потврди дека во моментов нема контакти меѓу владата во Мадрид и неговата администрација.

Пучдемон во изјавата за BBC ја даде пред обраќањето на шпанскиот крал Фелипе Шести кој ги обвини каталонските челници дека излегле надвор од рамките на „законот и демократијата“, и најави дека државата ќе го воспостави „уставниот поредок“ во Каталонија каде што стотици илјади луѓе протестираа против полииското насилство на референдумот кој Мадрид го забрани.

На протестите кои започнаа во вторникот попладнето и траеја доцна во ноќта учествуваа стотици илјади луѓе, меѓу кои главно студентите, пожарникарите и обичните граѓани огорчени поради тоа што националната полиција и Цивилната гарда во неделата употребија сила над демонстрантите кои со тела ги бранеа избирачките места на кои се гласаше за независноста.

Според податоците на локалната полиција, речиси 700.000 луѓе протестирале во поворки во каталонската престолнина Барселона, а во текот на ноќта се формирале и други поворки. „Надвор окупациските сили!“, „Улиците секогаш ќе бидат наши!“, извикуваа демонстрантите кон припадниците на националната полиција и Цивилната гарда кои во Каталонија од другите региони ги испрати Мадрид.