Осомничените за обид за воен удар во Турција во периодот на вонредна состојба, можат до 30 дена да останат во притвор без да се подигне обвинение против нив.
Осомничените ќе можат да бидат 30 дена во притвор пред да бидат изведени пред судија, кој потоа ќе одлучува дали ќе ги задржи во притвор или не, пренесува МИА.
Турскиот Парламент на 21 јули официјално го поддржа воведувањето на тримесечна вонредна состојба. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наведе дека вонредната состојба ќе им овозможи на властите брзо и ефикасно да дејствуваат и да се справат со приврзаниците на пучот.