
Легендарниот капитен на Барселона од минатото и веројатно еден од најдобрите дефанзивци во последните 20 години, Карлес Пујол, открива за шпанските медиуми дека дури двапати го одбивал Реал Мадрид.
Популарниот бушавко, во Барса играше цела своја кариера, а поради повреда прекина во 2014 година, но низ годините, два пати му рекол не на Флорентино Перез.
“Перез сакаше да ме однесе во Реал, но јас два пати го одбивав. Играв за најдобриот клуб во светот и не сакав да одам никаде, освојував трофеи со Барселона“.
Тој истакна дека прв пат го контактирале некаде измеѓу 2001/02.
„Тоа беше по Ел Класико во Мадрид. Кога Луис Фиго по прв пат играше на тој стадион во дресот на Реал Мадрид, а јас го чував“.
„Вториот пат ме посакуваа три години подоцна, во моментите кога Хосе Антонио Камачо, ја презеде клупата на Реал Мадрид. Тогаш им се допаѓавме јас и Роналдињо, но ја одбивме неговата понуда“, рече Пујол.