Пујол може само да го сонува Мундијалот во Бразил

Првиот помошник на селекторот на актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, Винсенте дел Босле, Тони Гарде, откри дека легендарниот капитен на каталонскиот гигант Барселона, Карлес Пујол, најверојатно од пред малите телевизиски екрани ќе го следи престојниот Мундијал во Бразил.

„Пујол од секогаш бил важен дел од шпанскиот мозаик, но не само на зелениот терен. Пујол е лидер и во соблекувалната, лидер и на тимските состаноци. Го има потребното искуство, потребниот стил, храброст и потребната желба за докажување. Не можам да потврдам со 100% сигурност дека нема да биде дел од престојниот Мундијал, но Пујол мора да има поголема минутажа во дресот на Барселона, мора да биде дел од најважните натпревари на Барса. Има уште три месеци до стартот на Мундијалот, но мали се шансите за настап во Бразил,”изјави Гарде.

За разлика од Пујол, Мундијалот во Бразил ќе биде реалност за малдиот напаѓач на Реал (М), Хесе Родригез и за шпанскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Тиаго Алкантара.