Пукање на паркингот кај ТЦ Мавровка, убиено е едно лице

Фото: Принтскрин/Видео/Тв21

Едно лице е убиено утрово во пукотница на паркингот кај Трговскиот центар Мавровка.

Полицијата е на терен, а местото е оградено со полициска лента.

Наскоро повеќе детали.

Ова е второ пукање во последните 24 часа. Вчера било пукано во возило во движење во кое имало две лица, од кои едниот е тешко ранет и е пренесен на натамошно лекување на скопските клиники.

Според неофицијалните и првични информации мета во вчерашниот настан било лицето Н.А. Пукањето се случило кај местото викано Агросервис. На лице место се пронајдени седум чаури.

„На 19 август 2024 година околу 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило пасат со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија вчера од МВР.