Пукање пред џамијата позади Поликлиниката во скопски Чаир се случило во петокот во вечерните часови, според сѐ уште официјално потврдени информации.
Според информациите во кои медиумите се повикуваат на изјави од граѓани, бил отворен оган меѓу две групи, и притоа имало ранети.
Повредените лица во моментов се носат во болница. Засега нема уште информации за жртви. Се очекува повеќе информации од МВР подоцна.