Пукање во Арачиново: Три лица на преглед во болница

На 28.06.2022 во 02.48 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавиле И.Е.(22) и А.Е.(18) од с.Арачиново, скопско и А.А.(20) од Скопје.

Според пријавеното, на 26.02.2022 околу 22.00 часот во с.Арачиново, по претходна вербална расправија и нарушени семејни односи со И.Е., неговиот роднина Р.Е. со огнено оружје испукал кон патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле И.Е., А.Е. и А.А., но, според пријавеното, никој не бил повреден од пукањето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.