Во пукотници во Чаир вчеравечер повредено е едно лице.
Според информациите на дел од медиумите, повредениот е полицаец кој во моментот не бил на дожност.
Од МВР кусо информираа за настанот.
-Вчера во 21.16 ч од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново, велат од МВР.
Повеќе детали за очекуваат во текот на денот, а од МВР посочуваат дека работат на расчитување на случајот.