Пукање во Чаир, едно лице е рането

Едно лице е рането при престрелка синоќа во скопски Чаир, на средба за помирување меѓу две семејства. Според неофицијални информации кои ги објавија медиумите, ранетиот е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“, а напаѓачот е од Сингелиќ.

Полицијата вчера во 21:50 добиле пријава од ГОБ „СВ. Наум Охридски“.

-Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје, информира МВР. Приведено е едно лице, додека ранетиот бил префрлен во операциона сала.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.