Пукање во Ерусалим, убиена жена има и ранети, напаѓачите се ликвидирани

Израелските спасувачки служби соопштија дека имало пукање во Ерусалим во кое е убиена 24-годишна жена.

Би-Би-Си јавува дека осум ранети се префрлени во локалните болници.

Петмина од нив се во тешка состојба, едно лице со телесни повреди, а две лица се полесно повредени.

Министерот за надворешни работи на Израел објави дека се неутрализирани двајцата напаѓачи.

„Јерусалим пост“ објави дека двајца терористи утринава пристигнале во населбата Гиват Шаул на влезот во Западен Ерусалим и почнале да пукаат во цивили кои стоеле на блиската автобуска станица.