Пукање во геј клуб во САД, пет лица загинаа, 18 се повредени

Пет луѓе загинаа, а 18 се ранети по пукањето што се случи вчера во ноќен геј клуб во Колорадо Спрингс, во Колорадо, САД.

Осомничениот е приведен и му е пружена помош за повредите со кои се здобил по инцидентот во Клубот Кју, информирала поручничката на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Спрингс. Полицијата интервенирала веднаш, а подоцна ќе одржи прес-конференција за повеќе детали.

Клубот Кју се идентификува како клуб за возрасни геј луѓе и често организира тематски вечери како караоке и дрег шоу.

Снимката објавена на социјалните мрежи покажува голем број полициски возила пред клубот и амбулантни возила наредени долж улицата.

Некои медиуми јавуваат дека напаѓачот го почнал нападот со истрели од снајпер.