Пукање во училиште во Алабама, десет деца повредени

Најмлаку десет деца се повредени од истрели во едно училиште во Алабама, САД. Повредените се на возраст меѓу 15 и 18 години,а пет од нив се во критична состојба.

Пукањето се случило за време на еден фудбалски натпревар меѓу два средношколски тима на стадионот Лад-Пиблс.

Полицијата разговара со сведоци за да утврди што точно се случило и од каде дошле истрелите. Според американските медиуми, две лица биле уапсени.

Пукањето се случило по мечот, а има медиумски информации дека имало и тепачка на трибините.