Пукал сред бел ден на „Тајмс Сквер“ во Њујорк, ранети две жени и четиригодишно девојче

Три лица се ранети сред бел ден на познатата улица „Тајмс Сквер“ во Њујорк, една од најпознатите туристички атракции во САД. Меѓу ранетите е и дете.

Станува збор за четиригодишно девојче, и две жени на возраст од 23 и 45 години, кога еден маж почнал да пука околу 5 часот попладне, наведува „Ен-Би-Си 4“ Њујорк.

Повреените се пренесени во болница и не се во животна опасност.