Кичевецот М.Б (53) испукал неколку куршуми кон својот брат и му нанел тешки телесни повреди, фрактура на черепот и влезно-излезна рана во главата. Обидот за убиство се случил во дворот од куќата на повредениот брат.
Според полицијата, во средата околу 10 часот утрината, М.Б. пристигнал во домот на неговиот брат на улицата „Исени Акиноски“ во Кичево. Почнале да се расправаат во дворот поради имотно-правен спор, по што сега притворениот извадил пиштол марка „Црвена застава“, калибар 6,35 милиетри и испукал повеќе куршуми кон неговиот брат со намера да го убие. Оружјето го поседувал неовластено.
М.Б. добил кривична пријава и притвор од 30 дена.