Триесет и тригодишниот Г.М. од Куманово, вчера додека ракувал со пиштол случајно пукал во неговиот сограѓанин, четириесет и петгодишниот Р.М.
Г.М. со возило го однел Р.М. во болницата во Куманово, каде му е укажана првична медицинска помош, по што како итен случај е препратен во Клинички центар Скопје.
Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово, пиштолот,испукана чаура и зрно се подигнати за вештачење, а Г.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.