Инцидент се случил завчера во Прифатниот центар на лица баратели на азил во скопско Визбегово.
До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло кога повеќе непознати сириски државјани дошле во кофлит со дваесет и тригодишен Авганистанец. Еден од Сиријците со нож му се заканил на З.А. од Авганистан, додека друго лице му вперило пиштол. Трето лице кое се обидело да спречи поголем инцидент му ја турнало раката на лицето што го држело пиштолот, при што бил испукан еден куршум.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.