
Непознат стрител денека пукал кон ексклузивниот станбен комплекс на Водно „Соравија ресорт“, на улица Тодор Александров. Од испуканиот проектил, оштетена е само фасадата на зградата, а за среќа нема човечки жртви.
Како што информираа од полиција, настанот се случил околу 17.45. Сторителот испукал проектил кон вториот кат на комплексот и избегал.
Полицијата е на терен , и работи на расчистување на случајот. Повеќе детали најави за утре.