Во престрелка што се случи синоќа во седиштето на Јутјуб во Сан Бруно, кај Сан Франциско, на северот на американската држава Калифорнија, четири лица се повредени, објави Си-Eн-Eн.
Нападот го изведе жена, која потоа изврши самоубиство, потврди полицијата. Жената е идентификувана како Насим Агдам, а мотивите за нападот сè уште се непознати.
Објектот беше опкружен со полициски возила и припадници на безбедносните сили, како и возило за брза помош.
Болницата соопшти дека им даваат медицинска помош на повредените.
Од Гугл, кој е сопственик на Јутјуб, јавија дека соработуваат со властите во истрагата.
Веројатно не станува збор за терористички чин, бидејќи Федералното истражно биро на САД (ФБИ) не е вклучено во истрагата.
Во Општата болница во Сан Франциско се наоѓаат еден 36-годишен човек во критична состојба, 32-годишна жена во сериозна состојба и една 27-годишна повредена жена, додека четврто лице не се споменува.
Според Си-Eн-Eн, „една жена за време на ручекот почна да пука и се чинеше дека пука во одредена личност“ во градината на ресторанот за вработените во Јутјуб.
Дошло возило за брза помош, а полицијата ги предупредила вработените и граѓаните да не излегуваат и да не се приближуваат кон комплексот згради на компанијата.
Белата куќа во Вашингтон објави дека американскиот претседател Доналд Трамп е информиран за нападот врз седиштето на Јутјуб.